Ѓоковиќ: Турнирот го започнав на одличен начин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новаќ Ѓоковиќ на најдобар начин ја започна новата сезона – триумф над Дамир Џумхур во Доха со   6-1, 6-2.

Српскиот тенисер дојде до победа за помалку од еден час игра, па со тоа ја потврди својата форма и најави одлична нова година.

После победата, Ѓоковиќ порача дека е задоволен од начинот на кој ја зпаочна годината, а на новинарите им одговори и на едно занимливо прашање.

„На одличен начин го започнав турнирот и тоа ми дава многу самодоверба за наредните мечеви. Многу сум среќен и задоволен“, рече Ѓоковиќ, одговарајќи и на прашањето, какво било чуството кога јавал камила пред неколку дена.

„На овој турнир секогаш доаѓам прилично порано, па имав неколку дена за тренинг и за некои работи надвор од теренот. Да, се прошетав со камила, прв пат во животот и бев малку уплашен на почетокот. Меѓутоа, брзо се спријателивме“.

„Прекрасно е да се види дека Катар ја негува својата традиција. Иако овде има многу луѓе од разни националности, баш како и на трибините на самиот стадион“, заклучи светскиот тенисер број 1.