Ѕвезда на Интер на бизарен начин загубила 150.000 евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан на бизарен начин останал без 150.000 евра, откако крадците ја искористиле неговата невнимателност и неспортскиот живот на фудбалерот, па ги пронашле чековите кои ги користи.

Крадците ги фалсификувале и добиле 150.000 евра, а Наинголан потоа завршил во станица. Во негова придружба бил човек од Интер, а во текот на решавањето на случајот било откриено дека фудбалерот сакал да се „коцка“ во казино.

Долговите биле направени претходното лето, односно во август годинава, а наводно загубил голаме сума на пари.

Наинголан во минатото често трпеше многу критики поради неспортскиот начин на живот. Меѓутоа, никогаш не се откажа од него и затоа го „избришаа“ од репрезентацијата на Белгија.