Јувентус го одби големиот француски талент, но уште не е ставена точка …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Момчето на кое му се предвидува голема иднина е понуден на екипата од Торино, но до трансфер не дојде…

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус во финишот на неодамна заокружениот преоден рок имаше можност во своите редвои да го донесе играчот за врска на француски Лил, Бубакари Сумаре.

Овој 188 сантиметри висок 19-годишник веќе некое време е на радарот на „Старата дама“, понуден е на крајот на јануари, но Фабио Паратичи одби опција да потпише.

Имено, во Јувентус се задоволни со силите кои ги имаат на располагање во редот за врска, не сакаат да прават никакви промени, и едноставно во овој момент нема место за Сумаре.

Сепак, Јувентус нема да се откаже, ќе продолжи да го следи талентираниот фудбалер, за кој е заинтересиран и англиски Вотфорд.

Сумаре настапува за У20 селекцијата на Франција, високиот играч за врска е карактеризиран со сила и преглед на играта, а оваа сезона запиша 12 настапи во второпласираниот тим во Лига 1.