Јунајтед му понуди неверојатна размена на Јувентус: Одлично лето на повидок?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат некои англиски медиуми, Манчестер Јнајтед е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус, Пол Погба.

Аргентинецот и натаму е важен во Торино, но не како што тоа беше пред пристигнувањето на Роналдо и често се пишува за негово можно заминување од редовите на „Старата дама“.

„Ѓаволите“ се меѓу заинтересираните екипи за неговите услуги, а како што се наведува подготвиле и понуда за неговите услуги.

Јунајтед е подготвен да му понуди на Јувентус замена, во која на „Олд Трафорд“ би заминал Дибала, додека во спротивна насока би заминал Ромелу Лукаку.

Белгиецот беше на немилост кај Оле Гунар Солскјер, откако Норвежанецот седна на клупата, Рашфорд доби предност и ја искористи шансата.

Кога Рашфорд се повреди, Лукаку доби вистинска шанса и максимално ја искористи, па во изминатите две кола во рамки на Премиер лигата постигна четири погодоци.

Сепак, изгледа дека корпулентниот Белгиец не е тип на напаѓач каков што Солскјер сака, а со оглед на тоа дека Норвежанецот ќе остане на клупата на екипата и по завршување на сезоната, изгледа дека клубот е подготвен да се откаже од неговите услуги, доколку во спротивна насока замине Дибала.

Лукаку инаку истакна дека Јувентус е единствениот клуб во кој би преминал по Јунајтед, а не крие дека би сакал да заигра со Кристијано Роналдо.

Останува да се види што во Торино мислат за тоа, можеби и ова лето треба да очекуваме историска размена.