Џерард се врати во Ливерпул!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стивен Џерард е поставен за тренер на тимот до 18 години во академијата на Ливерпул.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул по завршувањето на 19 годишната кариера, се посвети на тренерската работа.

Тој по 2 месеци работа на академијата доби ангажман.

„По разговорите со директорот на академијата, сфативме дека е време да направам нов чекор и сам да го водам тимот. Уживав во работата во академијата и се чувствувам како да научив многу од своите колеги.“

Тој на таа функција ќе го замени Нил Кричли кој ќе го превземе тимот до 23 години.

„Нил е одличен, па се надевам дека ќе продолжи каде што застана, дека ќе подготви многу фудбалери за првиот тим.“

Стивен Џерард како фудбалер на Ливерпул одигра 710 натпревари и постигна 186 голови, а го напушти во 2016-та и замина во Галакси.