Џејмс Милнер одби 13 клубови за да дојде во Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Метју Бак, агент на Џејмс Милнер, рече за англиските медиуми дека неговиот клиент одби 13 различни клубови во минатата година пред што се одлучи да потпише договор за Ливерпул.

Бак го застапува Милнер уште од тинејџерските денови вели дека заменик капитенот на Ливерпул имал голем избор за продолжување на кареиерата кога му истече договорот со Манчестер Сити.

„Пред Џејмс беше многу тешка ситуација. Ја согледав својата ситуација, размислував за тоа колку има години и колку добива шанса да игра во Сити и мислев дека тој не ја добива шансата која ја заслужува“, рече Бак и продолжи:

„Имавме неколку состаноци со луѓето од Манчестер Сити, но до крајот на таа сезона Џејмс заклучи дека ако сака и понатака да игра фудбал на врвно ниво мора да има и нов предизвик.

Веќе во јануари за него се интересираа клубови од Шпанија и Италија. Вкупно имавме 14 понуди. На крајот на мај имавме неколку состаноци со претставниците на Ливерпул, а Џејмс лесно сфати дека токму тој предизвик му е потребен. Тоа се сретнавме со Брендан Роџерс и Лан Ајр.

Клубот имаше планови за враќање во ЛШ и сакаа да се борат за трофеи. За Џејмс тоа беше одличен чекор и се надевам дека оваа сезона за него и за клубот ќе биде добра“.

Неколку месеци по доаѓањето на Милнер на Енфилд, Роџерс доби отказ, но Милнер лесно се вклопи и во системот на Клоп кој го почитува неговиот професионализам и работните навики.

„Џејмс вели дека иам среќа да работи со едниот, а сега и со друг менаџер од светска класа.Многу го почитува Јирген. Иако има 30 години, сеуште сака да учи и да напредува и со драва воља прифати нови работи“, рече Бак.

Во оваа сезона, Клоп Милнер од средината на теренот го премести на место лев бек.

„Позицијата лев бек за Џејмс е малку компликувана, бидејќи игра со десна нога. Но, тој вас никогаш нема да ви каже дека нешто е тешко. Тоа досега сите го сфатија, тој е некој кој секогаш на прво место ја става екипата. Секогаш е спремен да се жртвува себеси за доброто на тимот. Сега кога повеќе не игра за репрезентацијата и кога нема европски фудбал, тој е сконцетриран само на тоа да пружи што повеќе за Ливерпул“, заклучи Бак.