Џон Оби Микел е нов фудбалер на второлигашот Миделзброу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нигерискиот фудбалер, Џон Оби Микел се врати во Англија.

Овој фантастичен играч за врска денес и официјално е претставен како нов фудбалер на Миделзброу.

Тој на пошироката јавност и е познато секако од времето кога го носеше дресот на Челси во периодот од 2006. до 2017. година.

Во изминатите две години играше за кинеската екипа Тинјин Тед, а во редовите на екипата од Чемпионшип стигна како слободен играч.

Тој на овој начин станува директна конкуренција во тимот на босанскиот репрезентативец, Мухамед Бешич кој игра на слична позиција.

Инаку, Микел во текот на кариерата ја освои помеѓу останатото и Лигата на шампионите, двапати англиското првенство, четири пати ФА Купот, двапари Лига Купот…