Седлоски: Во Данска одиме да постигнеме гол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Вардар по натпреварот со Копенхаген упати честитка до своите играчи и истакна дека триумфот е сосема заслужен и дека „црвено-црните“ имале шанси за уште поголем триумф.

Седлоски исто така изјави дека Вардар во Данска нема да оди да се брани туку ќе тргне со цел да постигне гол во мрежата на противникот.

„Сакам да им честитам на моите играчи, и да се заблагодарам на публиката која ни ја даваше потребната поддршка. Во текот на натпреварот покрај голот, имавме уште 3-4 шанси, но на крајот противникот можеше да нè казни после таа една шанса која ја имаа во текот на целиот натпревар. Не треба да се залетуваме, резултатот е тој, одиме на реваншот со кренати глави, знаеме што нè чека. Второ полувреме, втори 90 минути. Но јас верувам во момците дека ќе одиграат уште еден добар натпревар, борбен натпревар против еден тим кој што секоја година игра во Лигата на шампионите, и остануваат уште тие 90 минути да ги одработиме во Копенхаген. Откако го поминавме Малме, ги анализиравме и во Лигата на шампионите и во данскиот шампионат. Типично скандинавски фудбал со долги топки. Остануваме на земја и треба да ги одработиме тие 90 минути кои ќе бидат тешки. Одиме и таму да дадеме гол, мислам дека не треба да се браниме, туку да играме офанзивно“– коментираше тренерот на Вардар.