Нејмар едвај дочека: Неговата реакција за казната на Мбапе е очекувана


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јавна тајна е дека бразилецот не е многу воодушевен од француската суперѕвезда.

Многумина се прашуваа зошто Килијан Мбапе не го започна дербито на Веледром, но французинот сепак доби шанса и направи разлика постигнувајќи го првиот гол за победа на својот тим.

Подоцна е откриено дека тој и Рабио задоцниле на тимскиот состанок и тоа била казнената мерка на тренерот Томас затоа тој и Рабио поминаа исто.

Целата ситуација едвај ја дочека Нејмар за кој е познато дека не е претрано воодушевен од младиот французин кој важи за најдобар млад фудбалер на светот. Нејмар од Барселона си отиде да не
биде во сенка на Меси, а сега е во сенка на многу помладиот Мбапе.

,,Го подржувам потегот на тренерот, сите мораме да го почитуваме распоредот. Имаме големи играчи, а нашиот тим не треба да ги трпи последиците поради тоа.

Подоцна Мбапе влезе во игра и ја засили екипата, а од сега знае дека треба да води сметка”- изјави Нејмар.

Љубомора или не, правилата се правила, а Мбапе ги прекршил.