Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Манчестер Јунајтед можат да уживаат во игрите на својот тим во последниот месец.
Од пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер се редат само победи, а еден од играчите кои се издвојува е и Маркус Рашфорд.
Во последните девет натпревари, репрезентативецот на Англија постигна шест погодоци и запиша три асистенции, очигледно му годи селењето во самиот шпиц на нападот.
Договорот со клубот му истекува за 18 месеци. „Ѓаволите“ имаат опција да ја продолжат соработката за уште една година, но сега сакаат да го „блиндираат“ на што е можно подолг период и подговија нов договор за него вреден 150 илјади фунти неделно.
Тоа е скоро двојно повеќе отколку што моментално заработува, но таквиот потег е неопходен бидејќи како што се наведува Реал и Барселона веќе се распрашуваат за 21-годишниот репрезентативец на Англија.