Солскјер откри дали Манчестер Јунајтед ќе носи нови фудбалери


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција пред натпреварот со Брајтон говореше и околу можните нови засилувања на клубот.

Норвешкиот стратег беше запрашан од новинарите дали очекува нови играчи во Манчестер Јунајтед во овој преоден рок, на што тој кратко одговори: „Не, не очекувам нови играчи“.

Солскјер меѓу другото потврди дека нема да му дозволи на Скот Мектомини да си замине во Селтик по најновата повреда на Маруан Фелаини кој ќе го нема на терените нешто повеќе од еден месец.