Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар уште еднаш широко ги отвори портите за трансфер во редовите на Реал Мадрид и призна дека по Светското првенство сакал да си замине од клубот, но дека сега ја има својата најдобра сезона.
Најдобриот играч на Челси неколку пати повторуваше дека би можел да се пресели во главниот град на Шпанија, а сега уште еднаш навести такво нешто во иднина.
Запрашан од новинарите на „Франс Фудбал“ дали би му годел трансфер во Реал Мадрид, Азар истакна:
„Зошто да не? Знаете многу добро. Го прашувате прашањето на кое го знаете одговорот затоа не мора повеќе да прашувате. По Светското првенство сакав да заминам, но на крајот останав во Челси и сега ја имам најдобрата сезона досега“- коментираше Азар.