Има трошка надеж: Според англиската полиција, Сала и екипажот може да се живи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера целиот фудбалски свет го потресе веста дека авионот со аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала исчезна над Ламанш, во текот на неговиот лет од Нант кон Кардиф.

Аргентинецот договорил соработка со велшкиот Премиерлигаш, се поздрави со своите пријатели и соиграчите од редовите на „Канаринците“ и тргнал на пат кон Велс, но во текот на летото неговиот авион исчезнал од радарот.

Вчера беше објавена интензивна потрага, никакви траги не се пронајдени, а по паузата поради недостаток на услови за продолжување на потрагата, утринава властите во Англија повторно тргнаа да го бараат исчезнатиот авион.

Полицијата во Англија има четири теории за тоа што би можело да се случи.

– Авионот некаде слетал, но не успеале да воспостават контакт со светот

– Авионот слетал на вода, а Сала и екипажот се качиле во брод кој тука поминувал

– Авионот се распаднал при контактот со вода оставајќи ги деловите во морето

– Сала и екипажот по падот на авионот успеале да влезат во чамецот за спасување

Последната опција е приоритет на англиската полиција

„Приоритет на нашата потрага е опцијата со чамецот за спасување“, стои во соопштението на полицијата.

Така што, надежтта постои, се надеваме дека оваа теорија е точна и дека Сала и екипажот на авионот успеале да влезат во чамецот за спасување.

Потрагата трае, се надеваме на добри вести.