Каде е крајот? ПСЖ договори ново засилување за – 100 милиони евра!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) не реагира на ненормалните трошења на ПСЖ, а очигледно така ќе биде и при нивниот најнов трансфер, кој се очекува да вреди 100 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека ПСЖ и Наполи се блиску до договор, па Ален ќе се пресели во Париз за неверојатни 100 милиони евра.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Бразилецот се договорил со управата на Парижаните, па ќе добие осум милиони евра годишна плата, односно пет пати повеќе отколку што заработува во Италија.

Се поставува прашањето дали ПСЖ ќе се откаже од Леандро Паредес од Зенит, но тоа не е сигурно, па можеби ќе го ангажираат и него, а УЕФА ќе си седи „мртва ладна“.

ПСЖ не може да троши повеќе од 30 милиони евра месецов, но тие имаат план за „измама“, односно преку спонзорски договори, позајмици и други маркетинг договори ќе ги соберат потребните 100 милиони евра.