Ѓоковиќ: Да бидам искрен, ако сум навивач би си купил билет за мечот меѓу Надал и мене!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е воодушевен од неговиот пласман во финалето на Австралијан опен, откако денеска го совлада Лука Пуј со 3-0 во сетови.

„Ова беше дефинитивно едне од моите најдобри натпревари, кои ги одиграв во Мелбурн. Одлично функционирав и ова беше тежок ден за Лука, но имаше фантастичен турнир зад себе и не смее да биде разочаран“, кажа Ѓоковиќ.

Исто така, Србинот порача дека секој би купил карта за финалето.

„Дефинитивно би купил карта за мечот. Минатиот пат речиси шест часа игравме, а тоа беше незаборавно искуство за мене. Се надевам дека повторно ќе одиграме добар натпревар“, кажа популарниот Ѓоковиќ.

Финалето меѓу двајцата тенисери се игра во недела од 9.30 часот.