Грешките не се простуваат: Спортскиот директор на ПСЖ ќе добие отказ, Венгер се споменува како замена!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике најверојатно ќе добие отказ, откако не успеа да го договори Френки Де Јонг од Ајакс, кој реши да се пресели во Барселона.

Управата на францускиот клуб на чело со претседателот Насер Ал-Келаифи не е задоволен со работата на спортскиот директор и наскоро ќе го отпушти, а како негов наследник се споменува легендарниот Арсен Венгер.

Пропаднатиот трансфер на Де Јонг ја прели чашата, па управата му се лути на Енрике, зашто квалитетно не ги завршил преговорите и за нов договор на Адриен Рабио, а успеа да го испушти и Лукаш Пакета.

Пакета потпиша за Милан, кој покрај ПСЖ важеше за аутсајдер во борбата за неговиот потпис.