Осака се расплака од среќа по освојувањето на Австралијан опен (ВИДЕО)

Јапонската тенисерка Наоми Осака денеска стигна до огромен успех, откако ја освои втората гренслем титула во кариерата, со триумфот во финалето на Австралијан Опен против Петра Квитова со 2-1 во сетови, односно 7-6, 5-7 и 6-4.

По освојувањето на Ју-Ес опен, ова беше нејзин втор гренслем трофеј во кариерата, а по последниот поен не можеше да ги задржи солзите и заплака од среќа Јапонката.