Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Екипата на Манчестер Сити претрпе неочекуван пораз од 2:1 против Њукасл и со тоа значително се оддалечи од шансите да ја освои титулата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ први дојдоа до водство преку Серхио Агуеро, но потоа избраниците на Бенитез со головите на Рондон и Ричи дојдоа до целосен пресврт.
Вистинска лудница се одвиваше на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед во финалните минути ја анулираше предноста на Барнли од 2:0 и стигна до реми од 2:2.
На „Кревин Котиџ“ пак Фулам победи со 4:2 против Брајтон, но интересно е тоа што гостинскиот тим на полувреме имаше предност од 2:0.