Сари повлече потег: Искреност или „БОМБА“, Еден Азар се збогува со Челси?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанецот има свои мотиви, тој нема да се прашува, но е индикативно, Еден Азар станува камен околу вратот на Челси.

Маурсио Сари никогаш немал влакна на јазикот.

„Ако Азар сака да замине, треба да го пуштиме. Тоа е мојот став“, вели Италијанецот кој смета дека сево ова делува лошо на екипата.

Азар молчи, не сака да го продолжи договорот, а се верува дека летово едноставно би можел да го стави клубот пред невозможен избор, или да ја прифати понудата на Реал од 50 милиони евра, или да почека уште една година и да замине 2020. како слободен играч.

Наводните 100 милиони кои ги бара Челси, нема да се добијат, би можеле евентуално да земат некој играч, на пример Иско во замена, но ниту Андалужанинот не е загреан за „Плавите“, ако мора да замине, само Сити и Јувентус доаѓаат предвид.

Во секој случај, сигурно е дека Белгиецот кој молчи нема да попушти, тој сака да замине во Реал, а не е тајна дека е прв на листата на Мадриѓаните кои Перез ги сака на лето на „Бернабеу“.