Ѓоковиќ стигна во Европа, а со првите зборови ги воодушеви сите (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се врати во Европа по освојувањето на седмиот трофеј на Австралијан опен и порача дека е подготвен за продолжение на сезоната и предизвиците кои се пред него, но прво сака да го види семејството.

Србинот сака да се одмори и да ги наполни батериите пред Ролан Гарос, каде што би дошол во ситуација да ги има сите четири гренслема во свои раце.

„Гренслемовите се најважните турнири кои ги имаме во тенисот, секогаш сакате да бидете најдобри таму. Но, не треба да се заборават ниту останатите турнири. Имаме Мастерс, пред наредниот гренслем. До тогаш има и други турнири, а треба да играм на тврда подлога и на земја“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ сака да се одмори и да се освежи, па потоа ќе почне со подготовки.

„Прво сакам да ги наполнам батериите и да се освежам. Најважно е да одморите пред да тргнете со подготовки. Едвај чекам да го видам моето семејство“, порача Србинот.