Лондон „гори“: Сари дури еден час им „држел лекции“ на фудбалерите на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари беше лут по поразот од Борнмут со 0-4 на гостувањето во Премиерлигата.

Италијанецот не може да разбере што се случува со фудбалерите на Челси, но порача дека ќе се обиде да ги мотивира.

Медиумите кои беа присутни на натпреварот пренесуваат дека италијанскиот тренер бил лут на своите фудбалери по дебаклот, па ги заклучил во соблекувална дури еден час.

Медиумите пишуваат дека Сари ги избркал од соблекувалната своите помошници и физиотерапевти, па 60 минути им „држел лекции“ на своите фудбалери.

Очигледно нешто во клубот не функционира како што треба, а Сари тоа го потврди и на прес-конференцијата на која потврди дека нешто не е во ред.