Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема напаѓач, но останува при ставот, ги доведува само оние кои се подобри од фудбалерите кои ги има…
Тотенхем изгледа нема да купи никого, уште еден преоден рок во низа, иако се повредени Кејн и Али.
Имено, Барселона им го понуди Малком и на Арсенал и на Тотенхем на позајмица без обврски.
„Топчиите“ имаат други идеи, а Данијел Леви прифати, опцијата за откуп беше околу 60 милиони евра на крајот од сезоната, но Покетино не го сакаше некогашниот играч на Бордо.
Иако му недостасуваат напаѓачи, тој не смета дека Малком би можел да користи, и одби да го земе овој играч на позајмица. Се зборува дека само во соблекувалната сметаат дека клубот мора да купи некого, но Аргентинецот е против, бидејќи ги сака само играчите кои се подобри од оние кои ги има на располагање.
Во последниот ден би можеле да вложат пари во Лука Конел од Болтон, момчето кое ги одигра последните натпревари во куповите за клубот на кој очајнички му се потребни средства, меѓутоа, тоа не е засилување за оваа сезона, Тотенхем практично би инвестирал за иднина.
По се судејќи и вториот преоден рок во низа, „Спарси“ нема да купат никого.