УЕФА воведува нови измени: Лигата на шампионите повеќе нема да биде иста


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од редовите на Европската куќа на фудбалот планираат да го променат едно од најстарите правила во Лигата на шампионите кое се употребува во нокаут фазата.

Имено, на состанок во Рим, првите луѓе на УЕФА ќе дискутираат околу можноста да се укине правилото гол во гости кое се употребува уште од 1965 година.

Ова правило е укинато во англиските купови, како и во Копа Либертадорес, а од УЕФА сметаат дека со неговото укинување натпреварите ќе добијат повеќе динамичност и помалку тактички промени по првиот натпревар.