ПСЖ го тресна Јунајтед на „Олд Трафорд“, Рома славеше против Порто во Рим (ВИДЕО)

ПСЖ славеше на гостувањето на „Олд Трафорд“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони со 2-0 против Манчестер јунајтед.

ПСЖ на мечот играше без Едисон Кавнаи и Нејмар, но воопшто не се забележа дека им недостигаат, а по првите 45 минути резултатот беше 0-0.

Во второто полувреме ПСЖ притисна и имаше неколку шанси, кои Давид Де Хеа ги одбрани, но сепак во 53. минута Преснел Кимпембе погоди за 1-0.

Јунајтед се обиде веднаш да врати, но во 60. минута ПСЖ со брз контранапад преку Килијан Мбапе погоди за конечни 2-0.

Во вториот меч вечерва Рома славеше со 2-1 против Порто на домашен терен.