Реал Мадрид тактично го користи „потопот“ во Челси: Што му е следно на ум на Перез?!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во Челси се случуваат чудни работи.

По сосема добрата полусезона, 2019. година не тргна добро за избраниците на Маурисио Сари кои сега стравуваат за пласманот во Лигата на шампионите.

Вчерашните вести дополнително ги загреаа навивачите, а ниту најновите од Пиринерите не се ништо подобро.

Шпанските медиуми тврдат дека Еден Азар од Реал побарал плата од 17 милиони евра годишно, како и 15 милиони евра на име на потпис.

За Мадриѓаните тоа нема да претставува проблем, но прво ќе мораат да се договорат со лондонскиот клуб.

Во Реал не сакаат да ја преминат сумата од 110 милиони евра за обештетување, а подготвени се да дадат и дополнителен потпис за Матео Ковачиќ кој се наоѓа на позајмица во Челси доколку „Плавите“ прифатат помала сума.

Се побројни се шпекулациите дека Азар би можел да го напушти Лондон, тој како што се наведува сакаше уште изминатото лето, но доби гаранции од клубот дека ќе биде конкурентен во битката за трофеи.