Јувентус ја кажа понудата, се чека одговорот на „Црвените“…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека работите се во насока на неверојатен расплет, Ливерпул и Јувентус ги одмеруваат опциите во она што би можело да важи за трансфер на летото.

Имено, „Црвените“ имаат фантастичен профит, создаден во голем дел и поради продажбата на играчи, но и се останато, од ТВ правата до пласман во финалето во Лигата на шампионите.

Дали би можеле да продолжат во тој правец?

Секако, според тврдењата на медиумите во Англија и Италија, тие се свесни дека евентуална продажба на Салах кој сепак не може да ја држи формата од изминатата сезона значи нов профит во касата.

Јувентус, кој со докапитализацијата на пат е да собере околу 250 милиони нови средства, го сака Мбапе, но тој е невозможна мисија, освен ако ПСЖ не биде под удар на ФФП.

Поради тоа се насочија кон Салах, па наводно го понудиле Дибала и уште 60 милиони, плус бонуси.

Целиот трансфер би бил нешто поголем од 200 милиони, иако прашање е дали Дибала вреди околу 120 милиони на колкушто го проценува Јувентус. Сепак, Ливерпул размислува, иако многу зависи од исходот на трката за титулата со Сити.