Кошаркарскиот куп на Македонија одложен поради трагедијата кај Карпалак!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Завршниот турнир на македонскиот кошаркарски Куп требаше да се игра викендов во Гевгелија, но истиот е одложен поради големата трагедија, која се случи на Карпалак, кога загинаа 14 лица и 30 се повредени.

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) соопшти дека купот е одложен и дополнително ќе решава кога ќе се одигра.

„Трагичната сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. 14 животи заминаа, меѓу кои и еден кошаркар од Гостивар. Поради тоа, МКФ реши да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија. Сочуство до семејствата и пријателите на загинатите“, пишува во соопштението.