Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во среда ќе го одигра својот прв натпревар во 1/8 финалето од ЛШ против Атлетико Мадрид.
Според зборовите на поранешниот играч на Јувенус Алесио Такинарди, Јувентус го добил најлошиот можен противник во оваа фаза.
„Ова ќе биде многу тежок натпревар и за двата тима. Мислам дека Јувентус ќе помине, но со доста маки бидејќи имаат тежок противник“.
„Ако Јуве 100% не се заложи за натпреварот ќе изгуби. Играв против Симеоне многу пати и Атлетико игра на начинот на кој Симеоне играше кога беше играч, со желба и пожртвуваност“, изјави Такинарди.
Она што е занимилво е фактот што Роналдо е посебно расположен во натпреварите против Атлетико.
Тој во дресот на Реал одигра вкупно 31 натпревар против градскиот ривал и постигна 22 гола, а исто така против Атлетико имаше најдобар учинок на постигнати голови од пенал, од осум досуден постигна осум голови.