Бивш фудбалер на Сити се пресметал со четири крадци во својот дом!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, Мартин Демикелис имал невообичаена средба во својот дом во утринските часови.

Демикелис најчесто времето го поминува во Шпанија, поточно во Марбела, а неговиот дом бил мета на крадци, кои провалиле во куќата со намера да го ограбат.

Во моментот на „акцијата“, Демикелис бил во куќата со сопругата Евангелија Андерсон и нивните три деца, а кога се симнал на првиот кат, излегол пред краците.

„Демикелис ги пресретнал провалниците. По викањењто тие се исплашиле и избегале“, објави новинарката Фернандез.

Странските медиуми известуваат дека крадците влегле преку прозорецот, а наводно украле пари и накит.