Ја понесе топката од „Камп Ноу“, а сега се сели во Кина…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што потврди и шпански Леванте, напаѓачот Емануел Боатенг е ново засилување на кинески Далијан Јифанг.

Овој 22-годишен фудбалер од Гана имаат слаба сезона зад себе, постигна само еден погодок во Примера, па може да се каже дека екипата од Валенсија направи одлична работа.

На име на трансферот од Далијан заработија 11 милиони евра, втор најголем трансфер во историјата на клуботм, по Џеферсон Лерме, кого летото го продадоа за Борнмаут за 30 милиони евра.

Боатенг го паметиме по фантастичниот настап од завршницата на изминатата сезона, кога на „Камп Ноу“ на Барселона и постигна три погодоци, во победата над Леванте од 5:4.

Откако пристигна од португалски Мориенсе, запиша 50 настапи за Леванте, постигна осум погодоци.

Во редовите на Далијан го чекаат некогашните фудбалери на мадридски Атлетико, Јаник Караско и Нико Гаитан, како и легендата на Наполи, Марек Хамшик, кој неодамна ја засили оваа екипа вреден 22 милиони евра.