Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ноќеска во НБА-лигата беа одиграни многу возбудливи средби, а во Оклахома славеше Тандер со 148-147 против Јута Џез и тоа по две продолженија.
Најдобри во триумфот кај Оклахома беа Пол Џорџ, кој постигна 45 поени, а го следеше Расел Вестбрук со 43 поени, 15 скокови и осум асистенции, додека кај Јута најефикасен беше Донован Мичел со 38 поени.
Беа одиграни уште неколку драматични меча, во кои Торонто славеше против Сан Антонио со 120-117, а најдобар беше Кави Ленар со 25 поени, додека Чикаго го победи Орландо со 110-109.
Никола Јокиќ одигра одличен меч против Далас, па му донесе триумф на својот Денвер, додека Лука Дончиќ не настапи на дуелот поради повреда.
На останатите натпревари, Шарлот го совлада Вашингтон со 123-110, Индијана беше подобра од 126-111, Атланта загуби од Детроит со 122-125, додека Њујорк беше поразен од Минесота со 104-115, а Мемфис немаше сила да го изненади Лос Анџелес клиперс (106-112).