Уште еден од Каталонија се сели во Јапонија: Ќе им прави друштво на Иниеста и Виља


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Момчето кое за Барселона одигра 13 натпревари, Серџи Сампер, одлучи да го раскине договорот со Барселона и да потпише со јапонаски Висел Коб.

Барселона веќе потврди на својот официјален сајт дека е раскинат договорот, му посака среќа на 24-годишниот играч за врска кој во текот на својата кариера беше член на овој клуб.

Сампер играше во Гранада и Лас Палмас на позајмица, а причината што веќе не играше за Барселона е силната конкуренција и честите проблеми со повредите.

Во Коб ќе има друштво на двајца Шпанци, Андрес Иниеста и Давид Вилја.