Солскјер би се вратил во својата куќа, но не може поради – Ван Дајк!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Домот на тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во моментов е изнајмена на стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Норваженецот во моментов бара ново сместување, откако се исели од хотелот Лоури, а во меѓувреме доби информација дека ќе добие нов договор.

И покрај сопствеништвото на имотот со пет спални соби во Манчестер, Солскјер мора да си најде нов дом.

„Кога Оле си замина, го ставивме имотот на продажба. Но, никој не скааше да ја купи, па Ван Дајк ја изнајми. Солскјер најверојатно мислеше дека нема да се врати никогаш во Манчестер, но чудна е играта на судбината“, вели извор близок до англиските медиуми.

Солскјер во хотел помина девет недели и сега бара куќа во која ќе живее, зашто е сигурен дека ќе остане подолго во Манчестер.