Иако на лето станува најскапиот стопер во историјата, аранжманот за 45 луѓе за него немаше цена...

Ако замине од Наполи веројатно тоа би било рекорд кога се стоперите во прашање.

Калида Кулибали е првата желба на Јунајтед, Де Лаурентис бара околу 120 милиони евра и како што се наведува „Ѓаволите“ размислуваат за тоа. Сенегалецот нема да ја освои титулата ниту оваа сезона, а иако беше извесно дека мечот со Јувентус не може ништо да промени, тој ги повика своите пријатели и роднини на мечот.

Вкупно имаше 45 луѓе кои беа сместени во еден хотел близу Наполи, им го плати летото, сместувањето, ги однесе на мечот и по поразот ги почести во еден ресторан.

Тој и сопругата Шарлин на тој начин на роднините и пријателите им овозможија убаво доживување иако на теренот славеше Јувентус.