Јап Стам го менува Ван Бронхорст на клупата на Феенорд

Легендарниот поранешен холандски фудбалер, Јап Стам ќе биде новиот тренер на екипата на Феенорд.

Актуелниот стратег на Цволе ќе седне на клупата на холандскиот гигант на 1 јуни кога актуелниот предводник, Џовани Ван Бронхорст ќе си замине од клубот.

Стам две години го водеше  англискиот Рединг, а во првата сезона на „Мадејски“ за малку не успеа да обезбеди пласман во Премиер лигата.