Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се наоѓа во тешка ситуација, па наскоро би можел да добие отказ. Италијанецот го носи својот клуб до нов трофеј во Серија А, но управата на „Старата дама“ не е задоволна, зашто сакаат да ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ).
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Алегри имал жестока пресметка со претседателот на клубот Андреа Ањели и сега серионо се разгледува можноста да му се даде отказ.
Алегри го повредиле критиките од раководството на тимот по поразот од Атлетико Мадрид со 0-2 во ЛШ. Тој очекувал повеќе поддршка, но не ја добил и сега се наоѓа во сериозни проблеми.
Италијанските медиуми пишуваат дека Ањели размислува да му даде отказ пред крајот на сезоната. А, тоа може да се случи доколку Јувентус не се пласира во четвртфиналето на ЛШ.
Алегри го предводи Јувентус од 2014 година, па освои четири титули во Италија и речиси ја обезбеди петтата. Меѓутоа, неуспехот во Европа, изгубените финалиња во ЛШ би можеле да му пресудат.