УФЦ ангажирал „машина“ за да го „прегази“ Нурмагомедов!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов е непоразен шампион во лесна категорија во УФЦ, а очигледно не им се допаѓа на раководството на УФЦ, на чело со претседателот Дена Вајт.

Хабиб мудро го крие појасот и ги одложува потенцијалните борби додека не заврши суспензијата за неговиот тим, која ја заработи по мечот со Конор Мекгрегор.

Во меѓувреме член на најпрофитабилната организација стана и Бен Аскрен. Тој дебитираше со контроверзна победа против Роби Лојер и така стигна до резултат од 19-0 во кариерата.

Аскрен во некои претходни изјави нагласи дека сака да се пресмета со Хабиб.

„Америка против Русија? Немам ништо против Русија, бев таму, ми се допаѓа. Но, цел свет сака дуел меѓу Америка и Русија, уште од Ладната војна. Ако тоа го сакаат фановите, тогаш ќе се борам против Нурмагомедов“, вели Аскрен.