Клоп по трилерот на „Енфилд“ одговори во свој стил: Победивме на лош начин, но на никој не му е гајле!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ливерпул во возбудлив натпревар стигна до победа против Тотенхем со 2-1, па така „црвените“ се вратија на лидерската позиција, па сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и натпревар повеќе.

Тимот на Јирген Клоп одлично тргна во мечот, па во 16. минута погоди за 1-0, а стрелец беше Роберто Фирмино. Во 70. минута следуваше израмнување, откако Тотенхем израмни на 1-1.

Кога сите помислија дека Ливерпул ќе направи кикс и можеби ќе ја загуби трката за титулата, токму тогаш Тоби Алдервејрелд си постигна автогол и во 90. минута ги постави конечните 2-1 за Ливерпул.

Тренерот на Ливерпул, Клоп на интересен начин го коментираше триумфот во мечот.

„Не сум среќен што примивме гол, но мислев дека малку ни беше потребно. Во првото полувреме имавме одлични шанси и постигнавме прекрасен гол. Во вториот дел игравме послабо, не можевме да се прилагодиме. Можеме да играме подобро. Би рекол дека постојат 500 начини да победите во фудбалски меч, а денеска беше малку лошо, но на кого му е гајле!?“, вели Клоп.