Алегри ја загрижи целата спортска јавност, а особено навивачите на „Старата дама“: Тешко е да се верува дека Роналдо ќе биде во ростерот за Ајакс…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Масимилијано Алегри пред утрешниот дуел во Серија А против Калјари ги загрижи навивачите на Јувентус со изјавата за здравствената состојба на Кристијано Роналдо.

Натпреварот од четвртфиналето во ЛШ се игра следната недела, а навивачите на Јувентус најмногу имаат интерес за тоа дали за дуелот со Ајакс, Роналдо ќе биде подготвен.

Алегри истакна дека тешко е да се верува дека Роналдо ќе конкурира за мечот на „Амстердам Арената“.

„Работи, тешко дека ќе игра против Ајакс, но треба да бидеме оптимисти. Прегледите покажаа дека ногата му е подобра. Има уште девет дена до мечот, има време заедно да одлучиме. Тој работи колку што може во овој момент, треба да биде внимателен и да ги процени работите“, истакна Алегри.

Одличниот стратег освен Роналдо за дуелот со Калјари нема да може да смета ниту на Дибала, и Спиназола кои поради повреди ќе паузираат во следните десеттина дена. Добрите вести сепак се враќањата на Даглас Коста и Сами Кедира во тренажниот процес.