Тотенхем ќе продаде дури 12 фудбалери во летниот преоден рок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ивнинг Стандард“ јавува дека Тотенхем би можел да продаде дури 12 фудбалери во летниот преоден рок за да може да носи нови фудбалери.

„Петлите“ потрошија многу пари на изградбата на новиот стадион, па токму затоа не донесоа ниту еден фудбалер во последните два преодни рока, но сега се верува дека следната година ќе имаат значително променет состав.

Имено, клубот би требало да го напуштат најмногу 12 фудбалери, а меѓу имињата кои се поврзуваат со заминување од „Вајт Харт Лејн“ се Дени Роуз, Тоби Алдервилд, Кјеран Трипие, Серж Орие, Ерик Ламела, Мухамед Сисоко, Винсент Јансен, Маркос Љоренте и Џорџ Кевин Нкоуду.