Азар ги збуни навивачите: Белгиецот откри дали се сели во Реал Мадрид!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар имаше уште една одлична ноќ на „Стемфорд бриџ“, па со два гола го матираше Вест хем, па му донесе на својот тим важна победа и три бода во трката за топ-4 во Премиерлигата.

Во текот на целиот меч гостинските навивачи скандираа дека Азар се сели во Реал Мадрид, а фантастичниот фудбалер ги демантираше шпекулациите.

„Не, тоа не е вистина и ништо не се случува. Во моментов сум фокусиран на Челси, каде што се бориме за Лига Европа. Има уште многу до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме“, вели Азар.

Во последните денови многу се шпекулира дека Азар ќе се пресели во Мадрид, а токму „Скај Спортс“ пренесе информација дека „кралевите“ за Белгиецот ќе понудат дури 100 милиони евра.