Мурињо потенцираше каде би можел да ја продолжи кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо откри дека има интерес за да преземе некој клуб од германската Бундеслига.

Долго време се шпекулира дека Португалецот е меѓу претендентите за клупата на Баерн Минхен, а сега самиот стратег „фрли масло во огнот“ со неговата изјава.

„Бундеслигата нуди возбудливо натпреварување за мене, посебно поради тимовите во средината на табелата кои константно напредуваат и креираат фино натпреварување. Полни стадиони, одлична организација, добра тактичка подготовка во многу тимови- мислам дека Бундеслигата би можела да биде многу интересна за мене“- коментираше Мурињо.