Сега и ОФИЦИЈАЛНО: Андрлехт остана без тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што се наведува на клупскиот сајт, по тридневните разговори на спортските директори и тренерот, одлучија дека е вистинско време за прекин на соработката, откако Андрлехт ги загуби сите три меча во плеј-офот.

„Рутен не сака да биде во плановите на Андрлехт следната сезона. Управата ја почитува работата која ја вложи во тешки околности. Беше чесен кон клубот, што ни овозможува во максимални услови да го подготвиме проектот за следната сезона. Ја завршуваме соработката со големо разбирањее и двострана почит. На Фред му посакуваме успех во продолжението на кариерата“, се наведува во соопштението на Андрлехт.

Андрлехт е петти на табелата од шесте екипи во плеј-офот и постои можност да не се пласира во квалификациите за Лига Европа.

Холанѓанинот во јануари го презеде клубот, кој го предводеше во само 13 натпревари.