Салах доби уште едно големо признание: Тој е икона на Ливерпул и на сите муслимани ширум светот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мохамед Салах со своите одлични натпревари во дресот на Ливерпул доби многу обожаватели ширум светот.

Играчот на Ливерпул некое време беше „паднат“ во криза и во осум натпревари по ред не постигна ниту еден погодок, но таа криза заврши и пак се врати на стариот пат.

И покрај добрите натпревари на фудбалските терени, Египќанецот воодушевува и со постапките надвор од теренот со тоа што великодушно им помага на сиромашните во својот роден крај.

Моментално, познатиот весник Time ја објави „листата на 100 највлијателни личности во светот“ во која се најде и Мохамед Салах.

„Мо Салах е подобар човек отколку фудбалер без оглед на тоа дека е еден од најдобрите фудбалери во светот“, напиша познатиот британски комичар Јон Оливер за Time.

„Тешко е да се пронајде професионален фудбалер на кого славата не му влијае на промена на неговиот карактер, како кај многумина. Но Салах си остана ист. Не можам да го замислам тој притисок кој го доживува од обожавателите кој константно му растат“.

„Мо е икона за Египќаните, за тимот на Ливерпул и за многу муслимани ширум светот, но тој секогаш е скромна и забавна личност кој не сфаќа ништо сериозно“, додаде Оливер.