Мане со една изјава ги израдува фановите на Ливерпул и ја затвори вратата за трансфер во Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане со една изјава ги израдува фановите на Ливерпул по се поголемите шпекулации кои го поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид.

Сенегалскиот интернационалец веднаш по натпреварот со Порто изјави дека сака да остане во Ливерпул и да стане легенда на клубот.

„Сакам да бидам легенда, не само на Ливерпул туку и на Премиер лигата. Тоа е една од моите цели. Ќе сторам се што е можно да постигнам се. Тоа што одиграв 100 натпревари за Ливерпул ми значи многу, неверојатно е да одиграш толку средби за овој неверојатен клуб. Многу сум среќен што играм за овој клуб и секој ден уживам што сум овде“ –изјави Мане за „ЛФЦ Магазин“.