Возбудлива трка за „Златната Копачка“, ќе добиеме ли нов крал на стрелците?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Се ближи крајот на сезоната, некои од најсилните европски лиги како што се Франција и Италија работите се завршени во 33. коло.

ПСЖ и Јувентус ги потврдија своите доминации во националното првенство, додека во Англија, Германија и Шпанија мораме да почекаме уште малку за да се круниса шампионот.

Фаворит за следниот „потврден“ шампион е Барселна која со триумфот над Сосиедад ја оддржа предноста од девет бодови во однос на Атлетико Мадрид.

На споменатиот натпревар, Лионел Меси не се запиша во листата на стрелците и остана на 33 погодоци на ниво на првенството.

Неговото отсутство знаеше како да го наплати Килијан Мбапе кој во одличниот натпревар против Монако постигна хет-трик и моментално има 30 погодоци во Лига 1.

Разликата се на се е три погодоци, она што може да му даде блага надеж на младиот Французин е тоа што Барселона ја очекуваат полуфинални дуели со Ливерпул во рамките на Лигата на Шампионите, Валверде најверојатно ќе го одмара Аргентинецот како што тоа го направи тоа пред две кола против Хуеска.