Ремонт во Реал: Зидан откри кои фудбалери би можеле да заминат од Мадрид


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е подготвен да направи промени летово, по разочарувачката сезона во клубот, па составена е листата со фудбалери за отстрел.

Од претходно е отпишан Герет Бејл, а се шпекулира и дека ќе си замине и Лука Модриќ, а промен се очекуваат и на голманските позиции, за која се борат Тибо Куртоа и Кејлор Навас.

Еден од двајцата голмани, според зборовите на Зидан, најверојатно ќе си замине.

„Во моментов имам тројца голмани, двајца се искусни, додека третиот е млад и пред него е добра иднина. Куртоа и Навас се многу добри, но не можат да бранат и двајцата, морам еден да изберам и тоа е комплицирано за мене“, вели Зидан.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека поблиску до заминување од Мадрид е Куртоа, кој беше купан летоска од Челси за 35 милиони фунти.

Секако, како засилувања за „кралевите“ се споменуваат Еден Азар, Килијан Мбапе и Пол Погба.