Шпански голман се посрамоти: Топката го погоди во лице и се одби во мрежата! (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Кога голманот ќе киксне, секоја грешка се гледа и најскапо чини, а голманот на Бетис и трет чувар на мрежата на репрезентацијата на Шпанија, Пол Лопез прими во средата неверојатен погодок на мечот со Леванте.

Голот беше толку комичен, што би можел да го натера селекторот Луис Енрике да размисли дали повторно ќе го повика Лопез во селекцијата.

Леванте го декласираше Бетис со 4-0, но вториот гол на мечот, Лопез го прими така што топката по корнерот на Хозе Кампања го погоди во главата и отиде во неговата мрежа.

Сепак, олеснувачка околност е тоа што соиграчот на Лопез на патот до голот ја закачи топката со глава.