Клоп кажа дека нема да слави, а потоа буквално „збесна“ (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ливерпул синоќа пред своите навивачи славеше со убедливи 5-0 против Хадерсфилд во 36. коло од Премиерлигата, па се вратија на првото место.

Тие ќе бидат на првото место барем до утрешниот меч против Манчестер сити, кој има два бода помалку и има шанса да се врати на лидерската позиција.

Оваа победа е важна за екипата на Јирген Клоп, а тоа најдобро го покажа прославата на крајот. Ниту германскиот експерт не можеше да се воздржи од прославата.

Тој на навивачите им покажа дека не сака да слави, но потоа целосно „полуде“ и ги воодушеви навивачите со прославата во свој стил.

Поради ваквите емоции многу фанови го почитуваат тренерот на Ливерпул.