„АС“: Погба побарал трансфер, а почнал и преговори со новиот клуб


    Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


    Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а такви шпекулации може да се прочитаат во поголем дел од европските медиуми.

    „АС“ пишува дека францускиот фудбалер сака да се пресели во Реал Мадрид, а негов трансфер во редовите на „кралскиот клуб“ би можел да биде наскоро реализиран.

    Погба, според „АС“, веќе разговарал со управата на Јунајтед и побарал од нив да го пуштат во Реал Мадрид.

    Французинот решил да разговара со управата на „црвените ѓаволи“ за да избегне уште една трансфер-драма, како таа во 2016 година кога се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед, а наводно имал шанса да потпише за Реал Мадрид.